Нов културен бран: „Палечка Малечка“ на Буден Театар во Мала Станица

Денес во 17 и во 19 часот во Мала станица, на Националната галерија на Македонија, „Буден театар“ ќе ја изведе куклената интерактивна претстава во движење „Палечка Малечка“...

malecka_palecka

Претставата е дел од Нов културен бран на Министерството за култура и е еден вид продолжување на овој успешен проект, чија праизведба беше во 2013 година, а кој оттогаш се трансформира и унапредува.

„Палечка Малечка“ е авторска претстава на Милиана Ленак, инсприрана од приказната на  Х.К.Андерсен. Претставата создава посебни наративни линии за возрасната и за детската публика, кои се одвиваат симултано и комуницираaт на теми поврзани со екологијата, родителско-детските релации и партнерството.
Ова е претстава во која нема столчиња за публиката, затоа што децата се во постојано движење станувајќи сопатници на Палечка во нејзната необична потрага.  Во текот на претставата тие  создаваат кукли, садат цвеќе и толкуваат дел од ликовите кои Палечка ги сретнува патем. Улогите ги толкуваат Долорес Поповиќ и Владимир Петровиќ  во музичка придружба на Виктор Гајтаноски. Анимациите во претставата се дело на Бара Ана Стејскалова и Филип Митров, сценографијата е на Јан Тереба, а куклите на Милиана Ленак. Авторската музика ја создадоа Виктор Гајтаноски и Милиана Ленак.
Во ноември беше реализирана турнеја на претставата низ Источна Македонија во рамките на која беа посетени Берово, Свети Николе, Струмица, с.Ерџелија, с.Русиново и с.Вељуса. Билетите за изведбите вечерва се во ограничен број од најмногу 40 посетители по изведба,и можат да се резервираат на  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia