Божиќен концерт во Македонскиот културен центар во Њујорк

Во Македонскиот културен центар, Галеријата МЦ во Њујорк, Соединетите Американски Држави, денес ќе се одржи божиќен концерт на македонската реномирана обоистка Гордана Јосифова-Неделковска, во пијано придружба на Нина Костова...

josifova_nerdelkovska_nyc_koncert_23_dec_2017

На концертот кој се реализира со поддршка на Министерството за култура, ќе бидат изведени познати дела од светската музичка традиција, меѓу кои и Аријата за обоа и пијано од Бах, дела од Енио Мориконе, Сен-Санс, Григ, а за публиката во САД, меѓудругото, ќе биде претставена и македонската традиционална песна „Не си го продавај Кољо чифликот" за обоа и пијано, во аранжман на Кире Костов.

Проф. Гордана Јосифова-Неделковска дипломирала и магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Ќиро Давидовски. Се усовршувала на академијата „Моцарт" во Варшава, Полска и БАНФФ центарот за музика и звук во Канада, како нивен стипендист. Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари. Со бројни рецитали има настапувано во Русија, Италија, Германија, Холандија, Канада, Грција и др.

Пијанистката Нина Костова дипломирала на Факултетот за музичка уметност во класата на Борис Романов. Добитник на неколку меѓународни награди, а одржала бројни настапи на концертните подиуми во Македонија, Франција, Италија, Велика Британија, Турција, Бугарија, Србија.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia