„Жена ми се вика Борис“, вечерва премиера во Театар Комедија

Вечерва, со почеток во 20 часот, Театар Комедија премиерно ќе ја одигра претставата „Жена ми се вика Борис”, во режија на Синиша Евтимов...
zena_mi_se_vika_boris
Жанровски сместена во модерна фарсична комедија, претставата „Жена ми се вика Борис” е дело на Рафи Шарт, еден од најпознатите современи француски комедиографи, чии текстови доживуваат неверојатен успех на театарските сцени ширум светот.
Познат по своите прецизни заплети, тој е еден од легитимните наследници на Жорж Фејдо. Неговата провокативна лиценцна поетика лесно комуницира со публиката, а неговите карактери се огледало на животот што го живееме.
Настапуваат: Сашо Ристовски, Роберт Ристов, Мими Поповска – Ристов, Александар Михајловски,  Жаклина Петровска, Столе Мицов, Ева Скендеровска.