„Чеиз“- изложба на Јана Манева - Чупоска во Остен

„Чеиз“ е насловена изложбата на македонската ликовната уметница и дизајнерка Јана Манева - Чупоска, која ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот, во галеријата„Остен“...

cheiz-izlozhba-na-jana-maneva-chuposka1

Изложбата е финансирана од Министерството за култура во рамките на конкурсот за поддршка на проекти од областа на Креативните индустрии за 2017 година, а за посетителите ќе биде отворена до 27 декември.

Станува збор за изложба инспирирана од македонскиот фолклор и од орнаментите, колоритноста и везовите на женската народна носија од скопскиот регион. Изложбата е резултат на ликовно-дизајнерскиот обид на авторката за креирање на современ дизајн на текстил што ќе биде основа за креирање на една нова колекција и создавање на македонски бренд. Инаку ваквите изложби се ретки на македонската ликовна и дизајнерска сцена и затоа претставуваат раритет во овој контекст.