Автори од ДЛУМ вечерва во КИЦ со изложбата „Мал формат“

Во галерискиот простор на Културно - информативниот центар вечерва (21.12.2017 година) со почеток во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. На изложбата ќе се претстават автори - членови на ДЛУМ од цела Македонија...

izlozba_Mal_format_vo_KIC

„Кај нас, малиот формат или поточно „Македонско ликовно творештво во мал формат“ се ползува веќе од децениски опит, етаблиран во скелетот на културните и особено ликовните случувања на градот, во неговата годишна културна периодика и претставува светол момент во колективната меморија на скопската и македонската публика“, потенцираат од Друштвото на ликовните уметници на Македонија, во најавата за вечерашната изложба.