„Лет над кукавичјото гнездо“ премиерно во Драмски театар

В петок во 20 часот во Драмски театар, ќе се одржи премиерата на претставата „Лет над кукавичјото гнездо“, по текстот на Кен Киси, а режија на Ристе Алексовски...

let_nad_kukavicjoto_gnezdo_premiera_Dramski

Главниот лик, Мекмарфи го игра в.д. директорот на Драмскиот театар, Сашо Тасевски, сестра Реџид е Емилија Мицевска, а во екипата се и Соња Стамболџиоска, Благој Чоревски, Диме Илиев, Златко Митрески, Ѓорѓи Тодоровски, Ненад Нацев, Игор Ангелов, Предраг Павловски, Игор Георгиев, Мелита Софрониоска и Александра Павлова.

„Долго време живееме во такво гнездо, коe сами си го изградивме. Ретки се птиците што успеваат да излезат од жабурник. Имавме многу краток период, 30 проби. Актерите создадоа улоги за што заслужуваат награди. Мислам дека оваа претстава ќе биде точка на пресврт во Драмски“, вели директорот и актер Тасевски.

Режисерот Алексовски вели дека „Летот“ е претстава која го проблематизира прашањето кој е всушност луд и што претставува лудоста сама по себе. „Оваа претстава го поставува прашањето што значи слободата, дали редот и дисциплината придонесоуваат за поголема слобода, или пак тоа го чинат нередот и недисциплината“, рече глумицата Мицевска.

На сценографијата и костимите работеше уметникот Ѓорѓе Јовановиќ, а музиката е на Милан Димушевски. Репризите се на 23 и 27 декември.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia