Архитектонска изложба на Мишко Ралев во Мала станица

Вечерва во „Мала станица“ на Националната галерија на Македонија, во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на архитект Мишко Ралев. Изложбата насловена како „Комуникација: архитектура и дизајн“ е прва од ваков вид во програмата на Министерството за култура...

ralev_za_web

Ќе бидат изложени скици, цртежи, проекти, дизајни, и реализации на одредени дела од богатото творештво на авторот. Со оваа изложба, архитект Ралев има за цел да ја популаризира професијата на архитектите и дизајнерите, во насока на потрага по вистинските вредности на ваквиот вид творештво што е потиснато на маргините на нашиот општествениот и културен живот.

Мишко Ралев е декан и редовен професор на Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Повеќе од 30 години, Ралев е присутен на македонската архитектонска и дизајнерска сцена, оставајќи зад себе голем број на проекти и реализации со висок степен на артистичка вредност. Професорската кариера ја започнува на Архитектонскиот факултет, чиј студент бил, потоа на Шумарскиот, а во 2006 година со архитект Викторија Еремеева го основаат првиот приватен факултет за технички науки во Македонија на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Во периодот од 2009 до 2012 година е визитинг професор на Факултетот за применети уметности, насока ентериер, во Ниш, коосновач е на „Такт инженеринг“, а во неговата биографија се истакнуваат и професионалните ангажмани во Лондон, Кипар и Зимбабве. 

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia