„Македонскиот Дон Кихот-портрет на Владимир Георгиевски“ вечерва во Кинотеката на Македонија

Вечерва во 19:30 часот во Кинотеката на Македонија, со отворање на изложба од циклусот „Македонскиот Дон Кихот“ и премиерата на истоимениот документарен филм, ќе започне чествувањето на македонскиот сликар со европско и светско реноме, Владимир Георгиевски (1942-2017)...

portret_za_vlado_georgievski

Документарниот филм на ЕФА Продукција посветен на уметничката одисеја на знаменитиот уметник е во режија на Константин Плевнеш, а е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Изложбата ќе ја отвори Климе Коробар од асоцијацијата ИКОН, а настанот ќе биде придружен и со изведба на композиции од Шуберт,  еден од омилените композитори на Владимир Георгиевски, во изведба на Фјола Исмаили – виолончело и Дарко Мариновски – пијано.
Во втората половина на 2018 година, изложбата посветена на четиридецениското истражување на темата Дон Кихот, инспирирана од Сервантес, се очекува да биде презентирана заедно со документарниот филмво една од водечките галерии во Мадрид. На премиерата се очекува да се обрати и Емилио Лоренцо Сера, амбасадор на Шпанија во Република Македонија.
На 4 јануари 2018 година во 19:30 часот е закажана и втората проекција на филмот во Кинотека на Македонија. 

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia