Изложба за Тоше Проески во Спомен-куќата на Мајка Тереза

Во Спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје од вчера (понеделник 18 декември 2017) е поставена изложбата „Животното дело на Тоше“, која содржи досега необјавени фотографии од македонската музичка легенда Тоше Проески...

tose_izlozba_18_DEC_2017

Изложбата која е во организација на Националната установа „Спомен-куќа на Тодор Проески“ од Крушево, содржи и цртежи кои ги создадоа студентите од Штипскиот универзитет, по повод  одбележувањето на 10 години од неговата трагична смрт.

Директорките на двете национални институции, Рената Кутера-Здравковска и Елена Мирчевска, на отворањето на изложбата истакнаа дека имињата на Тоше и Мајка Тереза ги поврзува хуманост, добрина и љубов и токму затоа преку овој настан потребно е уште еднаш да се нагласи важноста за поддршката и подадената рака меѓу луѓето.

Покрај изложбата на портрети од Тоше, во амфитеатарот на Спомен-куќата на Мајка Тереза беше прикажан и видеоматеријал од најзначајните моменти од животот и кариерата на Тоше, врачувањето на наградата „Мајка Тереза“, како и инсерти од Спомен-куќата во Крушево.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia