Изложени наградените дела по Конкурсот за нов изглед на Мала станица

Денеска напладне во „Мала станица“ на Националната галерија на Македонија е отворена архитектонска изложба со наградените дела по Конкурсот за идејно архитектонско решение за реконструкција и просторна редефиниција на објектот Мала станица...

mala_stanica1


Националната галерија на Македонија (НГМ) го распиша Конкурсот по јавната дебата одржана на 6 септември годинава, а поттикната од потребите од ново архитектонско, ентериерно и техничко уредување на мултимедијалниот објект Мала станица.

Сите доставени решенија беа разгледани од страна на стручна Комисија во состав: Бесиан Мемети, претседател, Теута Имери, академски ликовен уметник и вонреден професор и д-р Тони Васиќ академски ликовен уметник.

Жирито одлучи првата награда да се додели на архитектонското решение со шифра „Букви“ (Вијадукт ДООЕЛ), втората награда се доделува на архитектонското решение со шифра „Плет“ (Ана Рафајловска, Благоја Бајковски, Бојан Рафајловски) и третата награда рамноправно е поделена на две архитектонски решенија со шифра „Смакс1“ (Градежен институт Македонија) и „Кнап“(Калина Несторовска и Александра Павловска).

Националната галерија на Македонија го распиша Конкурсот кој не е обврзувачки за градба, а наградите се парични. Цел на НГМ е да развие стручна јавна дебата околу лошата состојба на објектот Мала станица и потребата од негова реконструкција и редефиниција за функционално искористување на просторот, приближување кон светските стандарди за презентација, чување и заштита на уметнички дела.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia