„Мазев и јас“ - Годишна изложба на основни училишта утре во НГМ

Во рамки на изложбата „Петар Мазев, 90 години од раѓање“, која два месеци е поставена во Даут-пашин амам, беше вклучена и едукативната програма на Националната галерија на Македонија. Се одржаа работилници со ученици од основните училишта од Скопје, кои создадоа необични и оригинални творби што носат заеднички потпис „,Мазев и јас“. Годишната изложба на основните училишта ќе има хуманитарна димензија... 

mazev_godisna_izlozba

Изложбата ќе се одржи утре во Даут - пашиниот амам на Националната галерија на Македонија со почеток во 12.30 часот.

Претходно, младите креативци имаа можност да ја разгледаат изложбата на Петар Мазев, а на ликовните работилници, црпејќи инспирација од неговото творештво, создаваа уметност совладувајки ги првите чекори на сликарските техники. Од Националната галерија на Македонија велат дека тие покрај тоа што се општествено одговорна институција од областа на музејско-галеријска дејност, градат и социјална одговорност. 

Годишната изложба на основните училишта ќе има хуманитарна димензија. Секој донатор ќе добие уметничко дело од оваа изложба, а донираните средства ќе се инвестираат за сликарски прибор за другарчињата со оштетен слух и говор, штитеници на ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје.

Едукатор на овој проект беше Маја Димитрова.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia