IN MEMORIAM: Почина сатиричарот и драматург Иван Карадак

Вчера во Скопје почина Иван Карадак, истакнат македонски сатиричар и драматург.  За пошироката јавност, Карадак беше препознатлив по авторството на емисијата "Хихирику" што цели четириесет години се емитуваше на првата програма на Македонското радио...

karadaki

Иван Карадак беше автор на бројни театарски претстави и текстописец на првото кабаре во Мaкедонија насловено "Кабаре – Коприварник ". Тој ги напиша и театарските претстави "Угоре високо – Удолу длабоко", "Хумористична партија ", адаптацијата на текстот "Како да ја убиеш сопругата и зошто", три новогодишни претстави за деца, првонаградената радио-драма "Мајче" и многу други.

Беше автор и на неколку книги: збирката на афоризми "Коприварник", збирките на сатирични песни "Талкач по душата ", "Записи врз водата", куси сценарија "Лајач на месечина" и најновата книга афоризми "Мисли со Боцки ". Беше автор и на многу телевизиски драми и серии, меѓу кои "Цвеќе на карпатa ", познатите "Камчевци", "Алф од Ново Лисиче ", "Ало Ало ", "Агенција осамени срца", "Балканбенд " и други.

За неговиот опус, Карадак беше добитник Државната награда Св. Климент Охридски и бројни други награди.

Министерството за култура упати телеграма на сочувство во семејството, во кое изразува жалост за ненадејната смрт на нашиот истакнат сатиричар и драматург Иван Карадак. „Со неговото дело и ангажираност за критичко опсервирање на нашата стварност низ еден жесток и прониклив хумор, тој остави силен печат во нашата драмска и медиумска продукција. Ценето семејство, дозволете од име на министерот за култура Роберт Алаѓозовски и од името на Министерството за култура да изразиме длабоко сочувство за вашата лична загуба, но и да ја споделиме тагата што целата јавност ја доживува со заминувањето на истакнатиот нашиот истакнат хуморист“, се вели во телеграмата.

Погребот на починатиот се изврши денес на Градските гробишта во Бутел.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia