Рецитал на виолинистот Олег Кондратенко со пијанистката Ѓошевска

Виолинистот Олег Кондратенко вечерва ќе има рецитал во камерната сала на Македонската филхармонија, а со него  ќе настапи пијанистката Марија Ѓошевска, која освен на пијано, ќе свири и на чембало...

oleg-kondratenko-slika1


На програмата се дела од Георг Фридрих Хендл (Соната за виолина и чембало во D-dur), Јоханес Брамс (Соната за виолина и пијано бр. 2), Оливие Месијан (Тема и варијации за виолина и пијано) и Рихард Штраус (Соната за виолина и пијано Es-dur).

Олег Кондратенко (44), од 2008 година е раководител и концерт мајстор на „Фејмс“ филмскиот оркестар со кого во последните девет години е снимен музички материјал за над 3000 проекти, меѓу кои се филмови, мјузикли, театарски претстави, меѓу кои има и номинирани за „Еми“ и „Греми“ наградите. Во 2015 година е добитник на наградата „Виртуози“. Кондратенко е школуван во Скопје и во Келн, каде што долги години беше раководител на Камерниот оркестар „Јунге Филхармоние“.
Во кариерата настапувал во Русија, Холандија, Германија, Данска, Египет, Унгарија, Австрија, Хрватска, Полска, на фестивалите „Охридско“ и „Скопско лето“, а одржува и повеќе настапи со Македонската филхармонија. Кондратенко е редовен професор на ФМУ во Скопје.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia