Дебати на Кооператива за развој на независната сцена во регионот

Денес и утре во Музејот на современа уметност во организација на  Кооператива – регионална платформа за култура ќе се одржат два јавни настани на теми поврзани со регионалната независна сцена. На денешната дебата учествува и министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски...
kooperativa
 
Денеска од 17,30 часот во МСУ ќе се одржи тркалезна маса под наслов „Перспективи на институционалната рамка за соработка во културата во регионот“. Панелисти ќе бидат министерот за култура на РМ, Роберт Алаѓозовски, Теодор Целаковски, член на Управниот одбор на Кооператива и Предграг Цвјетичанин, директор за Емпириски студии на Југоисточна Европа.
Утре од 18 часот, во МСУ, ќе се одржи панел дискусијата под наслов „Социо-културни центри во регионот - искуства и перспективи за регионална соработка“.
На панелот со кој претседава Милица Пекиќ, член на Управниот одбор на Кооператива и основач на Киоск - Платформа за современи уметности, ќе учествуваат Јадранка Плут од словенечката мрежа Асоцијација која ќе претстави два различни модели на институции развиени во Словенија, Лука Кнежевиќ-Струка од Независна културна сцена на Србија кој ќе разговара за моделот на културниот центар Магацин, Јане Чаловски претседател на македонската мрежа Јадро – Асоцијација на независната културан сцена, кој ќе зборува за моделот на цивилно-јавно партнерство конкретно преку примерот на Културно-социјалнот простор Центар-Јадро во Скопје основан од  Општина Центар и Јадро, додека Томислав Медак, член на Управниот одбор на операцијата Градска мрежа ќе го претстави Погон - Загребски центар за независна култура и младина.
Целта на панелот е да се поттикне размена на знаења и практики за развивање на различни модели на ко-владеење во новите институционални рамки.
Кооператива - Регионална платформа за култура која заеднички ја основаа 21 независна културна организација од земјите во регионот. Оваа регионална културна мрежа е основана со цел да се создаде долгорочна и одржлива рамка за соработка и развој на независни културни организации во Југоисточна Европа

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia