Министерот Алаѓозовски на „Прајд фото авард“: Цврста определба за еднаквост на сите граѓани

Во Мала станица, вчера беше отворена изложба на победничките фотографии на „Прајд фото авард“ ( Pride Photo Award) за 2016, која ја организираат амбасадите на Кралството Холандија во Скопје, Тирана и Приштина. Изложбата ја отворија холандскиот амбасадор во Македонија, Воутер Пломп и министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски...  

pride_photo_award_5_dec_2017_foto_1


Во своето обраќање, министерот Алаѓозовски зборуваше за уметничкиот израз како инструмент низ кој живее плуралноста и хетерогеноста на различните култури и културни практики, и дека преку универзалниот јазик на уметноста се изразуваат потребите, спецификите, желбите, интересите, верувањата и светогледите на различните групи во општеството. Тој потенцираше дека ваквите настани се поттик за целата јавност, да им пристапи на овие прашања на поотворен начин.

„Во оваа прилика, би сакал да истакнам дека Владата на Република Македонија и Министерството за култура во изминатите неколку месеци, преку присуство и поддршка на вакви настани, јасно и недвосмислено ја потврдува својата цврста определба да гради демократско и отворено општество еднакво за сите граѓани, кое ќе почива на темелите на почитувањето на човековите права, правдата и солидарноста. Тоа е пристап и пат по кој цврсто ќе чекориме и од кој немаме намера да се откажеме“, рече министерот за култура Роберт Алаѓозвски на отворањето на меѓународната фотоизложба.

pride_photo_award_5_dec_2017_foto_3

„Прајд фото авард“ е меѓународен годишен фотографски конкурс со фокус на сексуалниот диверзитет и родовиот идентитет. Секоја година фотографи ширум светот ги споделуваат своите најкреативни, најпредизвикувачки и нестереотипни погледи на родот и сексуалноста. Меѓународно експертско жири ги селектира најдобрите дела по што се организира светска изложба. Изложбата досега била поставена во Амстердам, Болоња, Џакарта, Ханој и во Сан Франциско.

Изложбата во Мала станица ќе биде отворена до  17 декември.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia