Стрип-изложба во Отвореното графичко студио при Музеј на Град Скопје

Вечерва во 20 часот, во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје ќе се отвори изложба на стрип насловена „Вршац - Панчево – Скопје“...

Lazaropolje_001

На изложбата ќе се претстават седум автори и авторки од Македонија и Србија, кои беа учесници на стрип-работилницата што во рамките на Креативните викенди се одржа минатата година во Лазарополе.

Од Македонија се поставени околу десетина стрип табли и цртежи, а изложуваат Александар Зограф, Данило Милошев Восток, Миле Ничевски, Горан Дачев и Атанас Ботев.

Гордана Баста изложува серија на уникатни везови направени според заедничките цртежи на повеќе стрип цртачи од различни земји, а ќе бидат изложени и везови направени според заеднички цртеж на учесниците на работилницата во Лазарополе. Злата Војниќ Кортмиш (а.к.а Zlata VK) сними документарец од Креативниот викенд, што ќе биде прикажан вечерва, како и нејзиниот филм за контроверзниот настан поврзан со стрип книгата „Робусто“.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia