Уметничка колонија во Битола по повод 109 годишнината на албанската азбука

Државниот секретар на Министерството за култура на Република Македонија, Валмир Азири, денеска учествуваше на отворањето на Уметничката колонија, која се одржува по повод 22 ноември, Денот на албанската азбука...

kolonija_bitola_den_na_azbuka_sekretar_aziri_14_noemvri_2017


На колонијата ќе се насликаат фигурите на 11-те делегати на Конгресот на азбуката во Битола во 1908 година и ќе бидат изложени во рамки на одбележувањето на 109-тата годишнина од овој значаен настан за албанската култура. Државниот секретар Азири информираше дека со отворањето на колонијата започнаа активностите за одбележување на 22 ноември, кој е државен празник за припадниците на албанската заедница во земјава.

Оваа година, под покровителство на вицепремиерот Хазби Лика и Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, за официјално обележување на Денот на албанската азбука ќе се одржат неколку активности. Главните настани ќе се одржат во Скопје и Битола на 22 ноември. Во Скопје ќе се организира свечена академија во Владата на Република Македонија. Во Битола ќе се одржи настан во Музејот на азбуката, а вечерта во Домот на културата во Битола ќе се одржи свечен концерт.

Во меѓувреме, на 21 ноември во Битола ќе се одржи и научна трибина посветена на Конгресот на азбуката. На оваа трибина ќе присуствуваат научници од Македонија, Албанија и Косово.

kolonija_bitola_den_na_azbuka_sekretar_aziri_14_noemvri_2017_foto2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia