Нов културен бран во Кочани: Детска работилница на тема „Каде е таткото во поезијата?“

„Каде е таткото во поезијата?“ е насловена детската поетска работилница, која ќе се одржи денеска во 13.30 часот во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Работилницата се реализира со поддршка на Министерството за култура преку Манифестацијата „Нов културен бран“, а во организација на Здружението за култура, наука и општествени дејности „Стари поток“ од Кочани...

plakat_detska_rabotilnica_kochani_10_nov_2017

На работилницата учествуваат ученици од основните училишта, кои во текот на работниот процес ќе ги придружува познатиот македонскиот писател на детска литература Киро Донев.

Во текот на работилницата, учениците ќе се запознаат со поезијата за деца, како и со творештвото на писателот Киро Донев, кој ќе биде и предавач на тема: „Што треба да содржи една детска песна и на што треба да се обрне внимание?“.  Во рамките на работилницата ќе се одржи и трибина насловена „Каде е таткото во поезијата?“. На крајот децата ќе читаат песни претходно напишани на темата „Татко“.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia