Вечерва се отвора театарскиот фестивал „Отело“ во Гостивар

Вечерва од 19 часот во Центарот за култура во Гостивар се отвора Интернационалниот театарски фестивал „Отело“, во организација на истоименото здружение за култура и уметност од овој град. На фестивалот кој затвора в понеделник, ќе бидат изведени пет претстави од регионот. Отворањето е со Државниот театарот од  Драч, Албанија, кој ќе ја изведе претставата „Живот со тебе“...

otelo_fest_gostivar

Утревечер на програма е ансамблот „Феризај“ од Косово со претставата „N4’48“,  Во сабота, Албанскиот театар од Скопје ќе настапи со „Вечера“, а в недела е театарската група  „Арт полис“ од Приштина која учествува со претставата „Дел парче“. Затворањето е за Албанската драма од Куманово со претставата „Настава“.

На ИТФ „Отело“, што е поддржан од Министерството за култура, настапуваат професионални театри чии претстави ќе бидат оценувани од професионално жири. Како што велат организаторите, со оглед на тоа дека во Гостивар нема театар, нивните заложби се да помогнат во што поквалитетна понуда на културните содржини во нивниот град.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia