Јавни-расправи по предлог-стратегијата во културата 2018-2022 во повеќе градови во земјата

Министерството за култура на Република Македонија, во партнерство со граѓанските здруженија Култ-Транзен и Јадро, организира повеќе јавни расправи низ градовите во земјава по предлог-стратегијата во културата 2018-2022. „Култ-Транзен“ го реализира циклусот дебати со цел децентрализација на расправата по Стратегијата со поддршка од УСАИД- Проектот за граѓанско учество, а „Јадро“ за оваа цел се помогнати од Фондацијата Отворено општество Македонија.

foto_debata_strategija

Дебатите се организираат во соработка со граѓански здруженија од самите градови, а на нив учествуваат и претставници од Министерството за култура, од Работната група за Стратегијата, од Советот за култура, од локалната самоуправа, како и претставници на локалната независна сцена, граѓанските здруженија и истакнати уметници и културни работници.

Циклусот јавни-расправи по градови започна во Струмица, по што следеше Штип, а денес таква дебата се одржува во Битола.

Следен термин за јавна расправа по предлог стратегијата во култура та 2018-2022, во организација на овие здруженија е на 14-ти ноември во Куманово (Центар за култура - 13 часот), потоа 16-ти ноември во Велес (Ликовен салон-11 часот), 17-ти септември - Тетово (Центар за култура -13 часот), 21-ви ноември во Прилеп (Центар за култура-13 часот), на 23-ти ноември дебатата е во Охрид (Хотел Нова Ривиера во 12 часот). Следат расправи центрите на култура во Струга и во Кавадарци кои почнуваат во 13 часот. Во Струга е на 24-ти ноември, а во Кавадрци 29-ти ноември 2017.

Интензивната јавна расправа со сите засегнати страни ќе се одвива до конечното усвојување на стратегијата на крајот од оваа година.