Шкелзен Доли од Виенската Филхармонија настапува во Тетово

Утревечер (10 ноември) во Домот на култура во Тетово со почеток во 18:30 часот, се организира концерт со виртуозот Шкелзен Доли, виолинист на Виенската филхармонија, кој ќе настапи со оркестарот на Албанската Радиотелевизија под водство на Гриди Краја...

shkelzen_doli

Концертот се организира по повод петтата годишнина од Фестивалот "Албанската сцена на сериозната музика - Алегрето ", со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Шкелзен Доли (46) е член е на Виенскиот државен оперски оркестар е од  2006-та година, а во Виенската филхармонија се вклучува во 2009-та година. Музичкото образование го започнал во Ѓаковица на Косово.  Уште од најрана возраст освојувал повеќе награди, а по дошколувањето во Нови Сад продолжува на студии по виолина на колеџот во Виена. Доли е веќе трета година во оркестарот на Виенската филхармонија во редот на вторите виолини.

Со учество во различни ансамбли на филхармониски камерни музички дела, како што се "Тојота мастер играчи", "Виенски виртуозен" или "Ансамбл виенер колаж" на Рене Стар, Шкелзен Доли успешно и целосно се етаблира во музичкиот живот на Виена. Како солист и во различни оркестри настапувал низ Европа,  Америка, Африка, Израел и Јапонија. Неодамна тој стана основач на новоформираниот ансамбл камерна музика, "Филхармонијата".

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia