Нов културен бран во Кратово: „Теактер студио“ од Куманово ја игра „Аудиенција“

Nov_kulturen_bran_Kratovo

Гостувањето на кумановската театарска група е поддржано од Министерството за култура во Манифестацијата „Нов културен бран“ ...

Вечерва во 18 часот во Домот на култура ,,Лазар Софијанов" во Кратово, неформалната група ,,Теактер студио,, од Куманово ќе ја изведе претставата ,,Аудиенција,, од Вацлав Хавел во режија на Мирослав Петковиќ. Во претставата играат Чедомир Митевски и Мирослав Петковиќ.

Гостувањето на кумановската театарска група е поддржано од Министерството за култура во Манифестацијата „Нов културен бран“.

Текстот на Хавел е строг и отворено го критикува општеството. Главните и единствени ликови се Сладек, млад новопечен газда, шеф во пиварница без ниедно влакно на лицето а веќе на скалилото на хиерархијата, и Вањек, талентиран писател, прекинат во жарот на творењето, тркалач на буриња во пиварницата, претставник на работничката класа, уште еден човек кој не работи во својата професија.