Нов културен бран: Ромска култура и уметност вечерва во КИЦ

nov_kulturen_bran_KIC
Вечерва  во  Културно-информативниот центар - Салон 19:19 од 19:00 часот, се организира настан на кој ќе настапат Театар РОМА - Скопје, Черкези Банда, Ал Алион и Пашија Фејзула ...

Со овој заеднички настан, во организација на НВО Иницијатива за Развој и Инклузија на Заедниците - ИРИЗ се ревитализира и рехабилитира ромската култура и традиција преку прикажување на делата на ромските културни и музички друштва кои самостојно и самофинансирачки функционираат на ниво на општина Шуто Оризари или на национално ниво.

Дополнителна цел на настанот е да се потенцира потребата од постоење на културна установа во општина Шуто Оризари. 

Вечерашниот настан е дел од Манифестацијата „Нов културен бран“, поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.