Заштита на наследството и почит кон различностите – заеднички цели за УНЕСКО и Македонија

Делегација од Република Македонија предводена од министерот за култура, Роберт Алаѓозовски учествува на 39-тото заседание на Генералната конференција на УНЕСКО што се одржува деновиве во Париз. Во пресрет на утрешната генерална пленарна дебата, на која свои презентации имаат шефовите на делегациите, министерот Алаѓозовски денес се сретна со генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова.

sredba_alagjozovski_bokova_1_nov_2017_front


На средбата, министерот Алаѓозовски пред директорката Бокова ја изразил посветеноста на Република Македонија да ги спроведе препораките на Реактивната мисија и одлуката на Комитетот од Краков за Охрид.

„Изразија поддршка и увереност во нашите настојувања и не охрабрија да пријавиме и нови добра на листата на светското културно и природно наследство“, истакна министерот Алаѓозовски по средбата со директорката на УНЕСКО и нејзиниот тим. Тој потенцираше дека целите на новата Влада за заштита на културното наследство, почитувањето на културната различност, спречувањето на нелегалната трговија со културни добра, се и цели на УНЕСКО.

Македонија е една од 195-те држави полноправни членки на УНЕСКО и на Генералната конференција ќе учествува во сите секции на меѓународната организација при Обединетите нации за заштита на културното и природното наследство во светот.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia