Македонија и Кина: Засилена културна соработка во наредниот период

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски оствари повторна средба со амбасадорката на Народна Република Кина во Република Македонија, Лисјен Јин. Во исклучително пријателска атмосфера, тие разговараа за конкретни аспекти на интензивната културна соработка, која претстои во наредниот период.  

sredba_kineski_ambasador_10_oktomvri_2017

Кинеската амбасадорка Јин упати честитки до министерот Алаѓозовски и Република Македонија што е избрана да биде седиште на Координативниот центар за културна соработка во рамки на Иницијативата „16+1“. Министерот Алаѓозовски го изрази задоволството од одличната организација на Третиот форум за соработка помеѓу НР Кина и земјите на ЦИЕ кој се одржа од 21 до 25 септември 2017 година во Хангџоу, а каде се потпиша Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за култура на НР Кина и на земјите од ЦИЕ за востановување на Координативниот центар за културна соработка на Иницијативата во Скопје.

Меѓу другото, се разговараше за деталите околу претстојното отворање на Координативниот центар на почетокот на 2018 година,  во однос на неговиот формат, профил на кадар и понатамошни активности во однос на оперативната нацрт - програма за соработка во рамки на Иницијативата „16+1“. Освен тоа, Алаѓозовски и Јин разговараа и за плановите за 4-тиот Форум за културна соработка на Иницијативата, чијшто домаќин во 2019-тата година ќе биде нашата земја.

Бидејќи еден од приоритетите на Министерството за култура е културната дипломатија и меѓународната соработка, се разговараше за отворање на македонски културен центар во Пекинг и кинески културен центар во Скопје. Исто така, беше споменато дека Македонија може да одигра значајна улога во поврзувањето на Иницијативата „16+1“ со другите меѓународни и регионални иницијативи во кои е вклучена и Македонија.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia