Отворено 25 издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица

Вчера во Струмица беше отворено 25-тото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Фестивалот, кој годинава е дел и од програмата на настаните за одбележување на 8 Септември, Денот на независноста, го отвори претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.




Siskov1

„Tеатарот е силен медиум со чие посредство, со атрактивни и предизвикувачки претстави на сцената, пред публиката се разобличуваат негативните појави со кои се соочува светот денес, и, во исто време, се посочуваат добрите сили, кои во себе ја носат светлината и надежта“, потенцираше премиерот на синоќешното отворање на Фестивалот.

zaev_otvoranje

Осврнувајќи се на поклопувањето на фестивалот со Денот на независноста, премиерот Заев рече дека со почетокот на годинашниот фестивал и на државниот празник се празнува и театарот и актерот и нивната слобода. „Го празнуваме театарот и актерот и нивната слобода со почетокот на годинешниот Фестивал на камерниот театар, и нашиот државен разник Денот на независноста, 8 септември. Да ги направиме годините што се пред нас, најдобри години во животот на идните поколенија. Им го должиме тоа на идните генерации, како што нас не задолжија нашите претходници кога ни ја даруваа независноста на Република Македонија“, порача Заев.

Тој најави дека поддршката за културата и уметноста во Струмица ќе продолжи и во иднина, посочувајќи притоа дека меѓу првите работи што ги направила новата Влада во првите 100 дена од својата работа било да се обезбеди поддршка на повеќе културни манифестации. „Ја исправаме повеќегодишната неправда кон Струмица и овие манифестации, кои добиваа безначајни средства и беа речиси игнорирани само поради тоа што доаѓаат од град, со кој раководеше политичка опција спротивна на онаа која 11 години владееше со нашата земја. Новата влада, донесе и нов пристап во поддршката на културата. Еднаков старт за сите иницијативи. Квалитетот, иновативноста, инклузивноста, модерниот израз и јавниот интерес се само дел од критериумите. Непринципиелните привилегии, партиски обоените фаворизирања и протекционизмот во културата, се минато“, порача Заев.

siskov_zaev_alagjozovski

На овогодинешното издание на фестивалот ќе се одиграат десетина театарски претстави од Македонија, Косово, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, чии актери се натпреваруваат за единствената награда, којашто го носи името на доајенот на македонското глумиште Ристо Шишков.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia