Македонија и Унгарија подготвени за културна соработка на повисоко ниво

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски денес оствари средба со амбасадорот на Унгарија во нашата земја, Ласло Дукс. 

sredba_ungarski_ambasador_6_sept_2017

Во разговорот, кој се одвиваше во мошне пријателска атмосфера, се разменија мислења за квалитетот и интензитетот на досегашната соработка. Министерот Алаѓозовски изрази подготвеност соработката да се подигне на уште повисоко ниво и да се соработува стратешки за поголеми проекти. Амбасадорот Дукс ја истакна можноста Република Македонија да биде една од земјите во која ќе се реализира познатата меѓународна програма “Унгарска културна сезона”.

Се разговараше и за други конкретни проекти и начини на културна соработка, вклучувајќи го гостувањето на унгарски артисти на Фестивалот на филмска камера “Браќа Манаки”,  “Skopje design week” и на други манифестации во Македонија.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk