Панел дискусија „Мала станица – Минато, сегашност, иднина“

Вечерва (6 септември 2017) во 19 ч. во „Мала станица“ во Скопје, Националната галерија на Македонија организира јавна панел дискусија на тема „Мала станица – Минато, сегашност, иднина“. На дебатата ќе присуствува и министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски.

mala_stanica_debata

Цел на оваа дискусија е размена на мислења и предлози за изработка на основен проект за реконструкција на објектот „Мала станица“, врз основа на стекнатите искуства и знаења на професионалните познавачи на музеолошката и галериската проектна и обликовна проблематика, но и на искуствата со користењето на објектот од страна на уметниците и на јавноста.

Панелисти на дискусијата се м-р Дејан Ивановски, Бесиан Мехмети, м-р Виолета Бакалчев, д-р Огнен Марина, Мерита Максути, д-р Мартин Гулевски, м-р Зоран Павлов, м-р Елизабета Аврамовска, м-р Вана Урошевиќ, м-р Роберт Јанкуловски и м-р Оливер Мусовиќ. На јавната дебата, која ќе ја модерира м-р Виолета Бакалчев, се поканети и архитекти и уметници, музејски работници, докажани во својата струка, како и заинтересираната јавност, сè со цел од неа да произлезат предлози за решенија кои ќе придонесат објектот „Мала станица“ да стане модерен и функционален културен објект по сите современи потреби, норми и стандарди.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk