Одржана првата информативна сесија на конкурсот за Новиот културен бран

Триесетина потенцијални апликанти присуствуваа на првата информативна сесија на тековниот конкурс за Манифестацијата „Нов културен бран“, која се одржа вчера во Министерството за култура. Цел на информативните сесии е да им помогне на сите заинтересирани да дознаат како да направат подобра и поуспешна апликација за конкурсот, кој трае до 14 август 2017.

IMG_0601

Втората информативна сесија ќе се одржи онлајн на 09.08.2017 (среда), на официјалната Фејсбук страница на Министерството за култура, од 14 до 16 часот, при што сите заинтересирани, ќе имаат можност да поставуваат прашања онлајн и во живо на самата страница да добијат одговори од тимот на Министерството за култура задолжен за спроведување на конкурсот.

Третата информативна сесија ќе се одржи на 11.08.2017 (петок) со почеток во 14 часот, во Министерството за култура.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk