Средба Алаѓозовски – Јин: Богата, интензивна и разновидна културна соработка со Кина и во иднина

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски ја прими и оствари средба со амбасадорката на Народна Република Кина во Република Македонија, Лисјен Јин.

IMG_0017

На средбата, која се одвиваше во духот на пријателските односи помеѓу двете земји, двајцата соговорници ја истакнаа одличната соработка во областа на културата, којашто се одвива во рамките на потпишаната Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина, склучена 1995 година во Пекинг и согласно извршните програми меѓу министерствата за култура, а која во изминатите години добива како на квалитет, така и на интензитет и квантитет.

Министерот Алаѓозовски ја информираше кинеската амбасадорка Јин за неговата намера да ја предводи делегацијата на нашата земја на Третиот форум за соработка помеѓу НР Кина и земјите на ЦИЕ (16 + 1), кој ќе се одржи од 21 до 25 септември 2017 година во Хангџоу, а каде ќе се потпише Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за култура на НР Кина и на земјите од ЦИЕ за востановување на Координативниот центар за културна соработка на овој Форум, чие седиште ќе биде во Скопје.

На средбата се разговараше и за спроведувањето на Извршната програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на НР Кина за периодот 2012 – 2017 година. Со оглед на времетраењето на Програмата, беше констатирано дека е потребно што побргу да се иницира потпишување на нова програма за периодот 2018-2023 година.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk