Министерот Алаѓозовски на промоција на публикацијата „Од дијаспора до различности“

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, присуствуваше на промоцијата на публикацијата „Од дијаспора до различности“ и разговорот на тема „Значењето на поимот дијаспора во контекст на современата култура и уметност“, кои се одржаа во Кино Култура во Скопје на 28 јуни 2017.

Publikacija_promo_diaspora_do_razlicnosti

Проектот „Од дијаспора до различности“ е реализиран во периодот од 2015 до 2017 година во Скопје, Белград, Загреб, Грац, Казабланка и Мастрикт во различни формати, како изложби, работилници, конференција, дискусии и презентации. Основната идеја на проектот е преиспитување на значењето на поимот дијаспора на подрачјето на Западен Балкан, првенствено во полето на современата култура, во контекст на промена на амбиентот и начинот на живот, сè поголемата мобилност, глобализација и културен номадизам.

Публикацијата содржи преглед на активностите на проектот низ описи и документација на работилниците, изложбите, но и на авторските текстови на повеќето теоретичари, практичари со своите различни пристапи на оваа тема.  На разговорот во Кино Култура дискутираа учесници и партнери на проектот, автори на текстот и уредниците на публикацијата, меѓу кои: Дарка Радосављевиќ (Ремонт), Елизабета Шелева (професорка на Катедрата за општа и компаративна книжевност), Мирјана Пеитлер-Селаков (Kunst Ost), Нада Прља (независна уметница и ко-основачка на Агенцијата за сериозни интереси), , Мирослав Кариќ (Ремонт) и Јане Чаловски (независен уметни и ко-основач на Press To Exit).

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk