Нови две аудиоизданија од едицијата „Незаборав“ на Ансамблот „Танец“

Nezaborav_640_-5

„Танец“ одигра историска мисија и докажа дека Република Македонија со својата богата етнокореолошка традиција зазема маркантно место во семејството на народите кои ја споделуваат својата богата култура со целиот свет ...

Дваесет и осум македонски изворни народни песни и десет традиционални ора содржат двете нови аудиоизданија, петто и шесто, од едицијата „Незаборав“, која од 2011 година ја реализира Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ со поддршка од Министерството за култура.

Меѓу новообјавените песни се „Невесто, црвен трендафил“, „Девојче, девојче“, „Жетварски песни“, „Ја излези стара мајко“, „Филипо моме“... како и „Правото“, „ Мајското оро“, „Падарското оро“, „Сватовското оро“...  Со нив вкупниот број на објавени композиции достигна 114, од кои 85 се вокални изведби, а 29 инструментални композиции, снимени на лонг-плеј плочи во 50-тите и 60-тите години на минатиот век и објавени од повеќе издавачки куќи.

Nezaborav_640_-3 

Директорот на „Танец“ Зоран Џорлев на промоцијата рече дека како и во претходните четири изданија, и овие содржат по 19 композиции и најави дека „Незаборав“ ќе продолжи со следни изданија се додека, како што рече, не бидат исцрпени сите композиции. 

- Тука се застапени солисти, дуети, триа, машка пејачка група, женска пејачка група, мешана пејачка група, народен оркестар, изворен и чалгиски оркестар... Се надевам дека и овие, петто и шесто издание, ќе ја збогатат фонотеката на многу љубители на македонската народна музика, а на младата генерација ќе и послужи за пример како треба да звучи и да се интерпретира македонската народна музика - рече Џорлев. 

Тој соопшти дека Оркестарот сега е зголемен и има 19 членови и дека им недостига инструментот канон, но добиле ветување дека наскоро ќе им биде набавен и го очекуваат. Најави и снимање цеде на акапела композиции на машката пејачка група.

Nezaborav_640_-7 

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека едицијата „Незаборав“ ја покажува грижата за македонското музичко наследство и фолклорно богатство кое длабоко ги одразува идентитетот и историјата на македонскиот народ. Таа нагласи и дека „Танец“, со своите настапи и гостувања низ светот, е меѓу најголемите амбасадори на македонската култура и таа мисија ја исполнува седум децении.

Nezaborav_640_-1

- „Танец“ одигра историска мисија и докажа дека Република Македонија со својата богата етнокореолошка традиција зазема маркантно место во семејството на народите кои ја споделуваат својата богата култура со целиот свет. Во таа смисла, овој проект е своевидно сведоштво за исклучително плодотворните резултати на ансамблот „Танец“ во собирањето, негувањето, зачувувањето, надградувањето и афирмирањето на нашите културни вредности кои се наше национално обележје.

Nezaborav_640_-8

Овие музички изданија се потсетник и патоказ за многу идни генерации, како да се сака, почитува и чува сопствената традиција, култура и држава - истакна Канческа-Милевска, додавајќи дека Министерството за култура и во иднина ќе продолжи со поддршката за зачувување на богатото македонско нематеријално културно наследство.

На промоцијата настапи Изворниот оркестар на „Танец“ кој го отсвири „Мајско (Велигденско) оро“, како и женската и машката пејачка група кои ги изведоа „Легнала Дана“ и „Помниш ли, либе, Тодоро“ придружени од Оркестарот на „Танец“.

Nezaborav_640_-6

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk