Над сто настани на „Берово – град на културата“, интензивни зафати во „Св. Архангел Михаил“

IMG_38181

Повеќе од сто настани ќе бидат организирани во Берово од средината на март до крајот на годинава во рамките на манифестацијата „Берово – град на културата“ во 2017. Берово ја презеде титулата од Дојран, а денеска по овој повод Општината ја посети министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ...

За манифестацијата се обезбедени два милиона денари од буџетот на Министерството за култура, а програмата ќе опфати разновидни настани – претстави, концерти, фолклорни изведби, изложби и литературни промоции, гостувања на театри и ансамбли од Македонија и од регионот со кои Општината има добра соработка, настапи на солисти од Македонската опера и балет, Софиската опера, а на централната улица покрај староградската архитектура ќе творат креативци на отворено...

IMG_38481

Министерката очекува дека културната понуда на манифестацијата ќе придонесе за зголемување на бројот на посетители и туристи во градот. 

- Берово е град со длабока традиција кој многу е посветен на нејзиното негување, на обичаите и старите занаети и на сето она што е карактеристично за градот. Берово го доби епитетот „Град на културата за 2017“ и тоа го заслужува. Туризмот овде го има во текот на целата година. Се надевам дека со доделувањето на титулата „Град на културата“ ќе придонесеме за  унапредување на локалниот културен развој, затоа што оваа манифестација е бенефит токму за локалниот развој и за зголемување на туристичкиот потенцијал - изјави Канческа-Милевска.

IMG_40061

Таа посочи дека за Општината, во која нема национална установа од културата, Министерството за култура секоја година обезбедува поддршка и за други настани, како „Културно лето и културна зима“ и „Топол културен бран“, а во градот беше отворена и сувенирница.

IMG_40351

Канческа-Милевска денеска го посети и манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил“, кој е споменик на културата. Во манастирот е црквата од 1818 година, на чие осветување пред 200 години присуствувал просветителот Јоаким Крчовски. Манастирот е единствен во Македонија кој има галерија и работилница за мозаици кои ги изработуваат монахињите.

IMG_40592

Минатата година Националниот конзерваторски центар интензивно работеше на реставрација и конзервација на манастирскиот конак и на црквата, кои добија нов покрив. Во следната, втора фаза, ќе се изврши препокривање на Владичкиот конак, на Галеријата на мозаици и на камбанаријата.

IMG_41061

- Во првата фаза е извршено целосно препокривање и зајакнување на конакот и на црквата, што беше акутно и многу значајно. Првата фаза е завршена, препокривањето е направено со најсовремени техники, вратени се ќерамидите, а се со цел да се заштити овој споменик на културата. Минатата година беа издвоени 4 милиони денари за првата фаза, а до крајот на годинава ќе заврши и втората фаза во која ќе се работи на зацврстување на столбовите на црквата и зачувување на ентериерот и на декоративните елементи во црквата и во конаците. Очекуваме втората, завршна фаза да биде до крајот на годинава, со што манастирскиот комплекс и црквата од втората деценија на 19 век ќе си го вратат својот сјај. Ова е симбол на градот и е значаен и за Берово и за посетителите што доаѓаат тука - истакна министерката за култура.

IMG_38511

Градоначалникот Драги Наџински се заблагодари што комисијата во Министерството за култура го избрала Берово оваа година да биде 14-ти Град на културата.

- Верувам дека ова што го добивме како општина е заслужено и дека тоа ќе биде и наша голема обврска за уште поуспешно да бидат реализирани проектите од културата и уметноста во текот на целата година. Верувам и дека настаните ќе го зголемат бројот на туристи и гости и со тоа ќе го поттикнеме економскиот напредок во нашата општина - рече Наџински.

IMG_40671

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk