Во Ресен отворена Спомен-куќа на Татарчеви

09A_tatarcevi_Resen_640x400

Музејот на Татарчеви, покрај улогата на жив учебник, истовремено ќе претставува објект кој директно ќе помогне во зголемувањето на туристичкиот капацитет и понуда на Општина Ресен

Министерството за култура денеска во Ресен ја промовираше Спомен-куќата на Татарчеви, проект на Владата на Република Македонија за кој се вложени 30 милиони денари.

На промотивниот настан во Ресен, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека преку возобновувањето на домот на Татарчеви, воедно длабоко се поклонуваме пред големата жртва и придонесот на нашите револуционерни дејци кои целиот свој животен век го посветија на изворната идеја за самостојна и независна македонска држава на Балканот.

02AAA_a_tatarcevi_Resen

- Градот Ресен, но и Република Македонија добиваат еден нов културен дом во кој е содржана идејата да се претстават најзначајните личности од историјата на македонската револуционерна историја кои се поврзани со животот и делото на Христо Татарчев, како и личности кои потекнуваат од овој крај и кои со своите интелектуални и дипломатски потенцијали ја одбележале балканската историја - посочи Канческа-Милевска.

03A_tatarcevi_Resen

Ентериерот на Спомен-куќата на Татарчеви е амбиентално облагороден со оригинални предмети од куќата на Татарчеви од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Во куќата се изложени 8 восочни фигури, како и сликарски композиции кои бележат историски моменти, односно Ресенското советување на Македонската револуционерна организација-МРО во 1894 година и Ресенската чета на војводата Славејко Арсов, кои денес, меѓу другите посетители, ги погледна и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

011A_tatarcevi_Resen- Минатата година имав чест да присуствувам на почнувањето на градбата, а еве денес сум на свеченото отворање на куќата со голем број автентични предмети, има одлична сценографија, уметниците и историчарите завршиле одлична работа и на задоволство на сите граѓани, како и на поширокото семејство Татарчеви. Ова место во иднина ќе биде посетувано од многу луѓе кои ја познаваат историјата или кои што сакаат да се запознаат со историјата. Ова изборно ветување го ветивме пред граѓаните на Република Македонија бидејќи д-р Христо Татарчев беше значајна личност не само за Ресен туку тоа е личност која има големо значење за сите граѓани, за целата држава и нација - истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски.

Општина Ресен очекува со отворањето на Спомен-куќата на Татарчеви директно да се влијае врз развојот на монументалниот туризам за кој тамошната локална самоуправа континуирано се залага, истакна градоначалникот на Општина Ресен, Ѓоко Стрезовски.

010A_tatarcevi_Resen

- Спомен-куќата на Татарчеви претставува своевиден ресенски храм на македонскиот непокор, место каде што се одржало првото советување на МРО. Оваа куќа денес ја издигнуваме во место каде што сегашните и идните генерации Македонци ќе може директно да сведочат за големината на ликот и делото на д-р Христо Татарчев. Музејот на Татарчеви, покрај улогата на жив учебник, истовремено ќе претставува објект кој директно ќе помогне во зголемувањето на туристичкиот капацитет и понуда на општина Ресен - рече, меѓу другото, градоначалникот Стрезовски на денешниот промотивен настан во овој град.

01_tatarcevi_Resen

012A_tatarcevi_Resen

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia