Осветени возобновените конаци на манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ - Зрзе

015_zrze_640x400Реконструкцијата на овој духовен центар, несомнено, ги демонстрира нашата посветеност и нашите заложби да го зачуваме богатото културно наследство што го поседуваме како држава, да обезбедиме негова соодветна заштита, промоција и достапност за нашите граѓани ...

- Имаме можност да ја промовираме целосната реконструкција на манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ – Зрзе. Реконструкцијата на овој духовен центар, несомнено, ги демонстрира нашата посветеност и нашите заложби да го зачуваме богатото културно наследство што го поседуваме како држава, да обезбедиме негова соодветна заштита, промоција и достапност за нашите граѓани - порача министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска при денешната свеченост на осветување и промовирање на реконструираните монашки и владички конак и на партерното уредување на манастирскиот комплекс Зрзе.

09_zrze

На денешната свеченост присуствуваа многубројни гости, како и поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан и владиците Петар и Климент.

- Зафатот за возобновување на комплексот ги опфаќа археолошките истражувања под манастирот, обновата на монашкиот и на владичкиот конак и партерното уредување 1300 квадратни метри - нагласи Канческа-Милевска при обраќањето пред присутните.

- Зрзе за Македонија е Тавор и Топос на духот кој како во минатото така и денес на човекот на нашата епоха му упатува универзална порака за постојано преобразување, прифаќање и соочување со сопствените креативни потенцијали. Зрзе е креативен амбиент кој токму тука ги изнедрил ремек-делата на македонската средновековна уметност, двете антологиски икони, Зрзескиот Христос и Богородица Пелагонитиса од 14 век кои се нераскинлив дел од светската иконописна ризница.

014_zrze

Зрзе е органски дел од ранохристијанската духовна структура осведочена во новооткриениот старохристијански комплекс со базилика и гробница на локален мартир од петтиот век. Зрзе е уникатна монашка населба врежана во бигорната карпа со автохтоно монаштво од крајот на деветтиот век - рече Канческа-Милевска.

Поглаварот на МПЦ ОА, г.г. Стефан, нагласи дека овој манастир е еден од најрепрезентативните и најзначајни средновековни македонски светилишта.

023_zrze- Овде, чиниш на секоја педа од земјата напластени се векови национална, културна и духовна историја. Собрани денес на овој свештен собир, крунисуваме едно дело на новата македонска духовна преродба - ги осветуваме возобновените и новите манастирски конаци - рече, меѓу другото, г.г. Стефан.

Осветувајќи ги новите конаци, поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан нагласи дека ниедно духовно дело за историјата и за вечноста не е успешно доколку зад него не стојат добри и осветени личности.

Градоначалникот на Општина Долнени Боше Милошески смета дека за манастирот е направено многу, особено по асфалтирањето на патот до него.

- Со пари од државниот буџет е асфалтиран патот до манастирот во должина од близу 8 километри и ова духовно светилиште е гордост за Општината и за Македонија - рече Милошески.

Патот до манастирот се градеше со средства од државата во висина од 80 милиони денари.

025_zrze

027_zrze

029_zrze

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia