Владимир Василевски-Четкар на голема азиска турнеја од септември

cetkar_PROBA_1D_640X400

Неговата кариера е позната насекаде во светот, за неговата музика и авторски труд објавиле престижни списанија, музички куќи и телевизии во Америка и во други држави ...

Џез-музичарот, композитор и гитарист со светска кариера Владимир Василевски-Четкар од септември годинава до март 2017 ќе има голема турнеја низ Азија со поддршка од Министерството за култура. 

На 13 септември тој ќе настапи на џез-фестивал во Хонг Конг и потоа, во наредните шест месеци, ќе гостува на фестивали и во клубови во Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Тајланд, Малезија и Индонезија. Во неколку земји од Далечниот Исток веќе се објавени и се во продажба ЦД-изданија од охридскиот музичар со њујоршка адреса. 

Него денеска во својот кабинет го прими министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која му се заблагодари за тоа што тој со својата досегашна работа успешно ја претставува Македонија во светот. 

- Неговата кариера е позната насекаде во светот, за неговата музика и авторски труд објавиле престижни списанија, музички куќи и телевизии во Америка и во други држави. Минатата година во Англија негов албум беше прогласен од „Soul Brothers Records“ за еден од најдобрите за 2015 година. Драго ми е што дадовме поддршка за големата азиска турнеја со која ќе бидат опфатени некои од најголемите џез-фестивали и џез-клубови. Четкар заслужува да биде поддржан од државата и се надевам дека турнејата успешно ќе се реализира. Му посакувам успех - рече Канческа-Милевска на прес-конференција по средбата со музичарот.

01_03_2016_poseta_Cetkar_01

Василевски-Четкар во САД е од крајот на 1990-тите. Во 2001 дипломирал на Универзитетот Беркли и оттогаш самостојно ја гради својата кариера. Освен во Њујорк, каде што седма година настапува на престижниот Блу ноут џез-фестивал, музиката ја презентира во повеќе земји и на специјализирани национални радија. 

- Дојде момент да ја изразам својата музика во Азија, каде што некои од најголемите куќи во Јапонија и во Кореја ги отпечатија моите албуми во околу 20 000 примероци. Тоа е убава цифра за ваква музика која е уметност, а сепак има комерцијален ефект и се свири во поурбани места, во клубови... Со поддршка од Министерството ќе може таму да се претставиме како држава која има свој космополитски одговор и во овој музички стил, како еден микс на соул, џез, фанк музика. Интересно е затоа што луѓето нè знаат по нашата традиција, но не нè знаат по овие работи кои се битни за секој народ - да има одговор на секој интернационален музички израз - рече Четкар. 

По првиот концерт во Хонг Конг, следни се во Кина и Јужна Кореја, а за другите земји ќе бидат дополнително потврдени датумите за концерти. Во тимот музичари за турнејата низ Азија рече дека ќе вклучи соработници од САД, но и музичари од Македонија и од земјите во кои ќе гостува. 

- Сакам да направам еден микс кој допрва ќе го дефинирам, но ќе вклучам музичари од тука, од Македонија, од Америка и Европа, и од Азија. Мене ми е битно авторската музика, која главно ќе биде презентирана таму, да биде промовирана како музика од македонски изведувач - додаде Четкар.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia