Проект за развој на Кокино како туристичка дестинација

Kokino_640_-1

Целта на проектот е архео-астрономскиот локалитет да стане лесно достапен за туристите и физички и на интернет, а притоа да се зачува неговиот автентичен изглед. Локалитетот Татиќев   камен – Кокино НАСА го позиционираше на 4. место меѓу најстарите и највредни 15 праисториски опсерватории во светот ...

Со изработка на новата веб-страница www.kokino.mk, промотивно видео, мобилна апликација, реновирање на информативните табли, поставување патокази и заштитни прегради на ранливите делови и оградување на локалитетот, НУ Музеј - Куманово во соработка со Локалната акциска група „Абер 2015“ и со поддршка од Проектот за експанзија на мали бизниси, финасиран од УСАИД и од Владата на Швајцарија, ќе ја развива мегалитската опсерваторија Кокино како туристичка дестинација.

Целта на проектот е архео-астрономскиот локалитет да стане лесно достапен за туристите и физички и на интернет, а притоа да се зачува неговиот автентичен изглед. Локалитетот Татиќев камен – Кокино НАСА го позиционираше на 4. место меѓу најстарите и највредни 15 праисториски опсерватории во светот. 

Единствената опсерваторија на Балканот ја посетуваат од 10 000 до 20 000 туристи годишно, но во споредба со сличните опсерватории Мачу Пикчу во Перу, Стоунхенџ во Велика Британија и Анкорват во Камбоџа, каде што има и до 2,3 милиони туристи годишно, бројот на посетителите е занемарлив.

kokino_640_-3

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на денешната промоција на проектот посочи дека локалитетот Кокино е капитален проект на Владата и на Министерството за култура и дека континуирано се вложуваат напори за соодветна заштита и промоција на ова непроценливо културно богатство. Таа потсети дека во изминатиот период стручните екипи доста интензивно работеа на систематските археолошки истражувања на овој локалитет, но и на конзервацијата на пронајдените предмети од периодот на бронзеното и железното време. Канческа-Милевска нагласи дека приоритет беше и промоцијата на мегалитската опсерваторија во меѓународни рамки.

Во таа насока, додаде министерката, е и четиригодишниот проект на Владата „Кокино - македонски бренд“ кој предвидува целосно уредување на поширокиот локалитет Кокино, како и изградба на центар за посетители, изложбен простор, сувенирница, ресторан. Покрај тоа, во јуни годинава во Охрид ќе се одржи меѓународна конференција „Кокино археолошки и астрономски аспект - искуства и паралели“ на која експерти од Македонија и од светот ќе дискутираат за архео-астрономските аспекти на Кокино.

- Преку сиве овие активности и преку ангажманот на туроператорите, кои и денеска се присутни на оваа конференција, верувам дека ќе успееме во нашите намери силно да го промовираме локалитетот Кокино, сите негови богатства и потенцијали. Уверена сум дека на овој начин ќе се создадат и услови за одржливост на локалитетот, а сите проектни активности ќе имаат и економски придобивки за Република Македонија - рече Канческа-Милевска на денешното претставување на проектот.

kokino_640_-5

Таа потсети дека со одлука на Владата локалитетот Кокино е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија од исклучително значење.

- Во насока на дополнителна меѓународна валоризација на овој локалитет, донесовме и одлука оваа споменична целина да добие меѓународно признат статус, односно локалитетот кој досега се наоѓаше на тентативната листа на УНЕСКО, да се обидеме да го впишеме на листата на светско наследство на оваа престижна организација.

Со добивањето на третманот на светско наследство, за Кокино ќе се обезбедат неопходни правни и други услови за негово натамошно зачувување, трајно ќе се задржат податоците што оваа значајна споменична целина ги носи во себе, но истовремено ќе се спречат и идни дејства кои може да предизвикаат исчезнување на сведоштвото за постоењето на праисториските култури на ова подрачје - рече Канческа-Милевска и изрази надеж дека Кокино наскоро ќе се позиционира на светската археолошка и туристичка мапа.

Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Лела Крстевска порача дека мегалитската опсерваторија во Кокино е единствена од овој тип зашто не е само астрономски локалитет, туку и археолошки, бидејќи се пронајдени доста артефакти кои говорат за постоење на живот и цивилизација на тоа место уште од железното време.

kokino640_-2

- Се бориме на глобално ниво да ја мапираме Македонија како дестинација која нуди несекојдневни форми на туризам и живеење. Кокино од туристичка гледна точка е многу битно зошто спаѓа во групата на најатрактивни и најпосетени на светско ниво. Доказ за тоа е и рангирањето во 10. најдобри туристички дестинации во светот што го изврши организацијата „Лонли планет“, која го стави локалитетот Анкорват на прво место - рече Крстевска.

Директорката на НУ Музеј - Куманово Анита Цветановска истакна дека Националната установа е задолжена за грижата и промоцијата на локалитетот Кокино уште од неговото пронаоѓање во 2001 година.

- Веќе 15 години работиме на реставрација и конзервација на локалитетот и артефактите кои се пронајдени на него. Во изминатите неколку месеци заедно со Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и швајцарската влада интензивно работевме и на воспоставување на официјалната  веб-страница за Кокино која е во завршна фаза. Таа ќе биде главен извор на информации за сите странски и домашни туристи кои ќе сакаат да го посетат Кокино.

kokino_640_-2

Како придружна алатка на страницата подготвуваме и мобилна апликација - аудиоводич преку кој посетителите преку мобилни телефони ќе можат да добијат повеќе информации додека се на самата локација - рече Цветановска.

Таа посочи дека УСАИД и швајцарската влада ќе донираат и средства за изработка на заштитни прегради за деловите од локалитетот кои бараат посебна грижа, а ќе бидат поставени и дополнителни патокази.

Мајкл Стиватер од УСАИД Македонија порача дека мегалитската опсерваторија е совршен пример да се покаже богатото културно-историско наследство на Македонија.

- Моментално Кокино го посетуваат 10 000-20 000 луѓе годишно што е добро за почеток, но многу може да се направи за да се зголеми бројот на посетителите - рече Стиватер.

Тој нагласи дека во мај во Охрид ќе се одржи конференцијата „Адвенчр некст Балкан“ на која ќе има над 300 професионалци од туристичката индустрија и ќе биде најголемиот „бизнис ту бизнис“ (В2В) настан што се случил во Македонија од областа на туризмот.

- Оваа конференција ќе го засили разбирањето на меѓународните туристички оператори за македонските скриени убавини. Колку повеќе луѓе ќе знаат за туристичката понуда на Македонија, толку повеќе ќе сакаат лично самите да ги искусат и да ги посетат прекрасните места низ целата држава кои се малку настрана од патот, какво што е и Кокино - рече Стиватер.

kokino_640_-4


ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia