Реконструиран споменикот на културата Турбето на Крал Кзи

02_naslovna__rabotna_sredba_so_min_za_kultura_i_sport_na_Bosna_i_Hercegovina_640x400Се претпоставува дека Турбето е од крајот на 15 век или почетокот на 16 век и е гробница на последната босанска принцеза Катерина Томашевиќ, ќерка на босанскиот крал, која живеела во Македонија ...

Споменикот на културата Турбето на Крал Кзи (мавзолеј на кралската ќерка) лоциран во општина Гази Баба во близина на Природно-математичкиот факултет, е конзервиран и реконструиран со средства од Министерството за култура на Република Македонија (20 000 евра) и Федералното министерство за култура и спорт на Босна и Херцеговина (10 000 евра).

06_rabotna_sredba_so_min_za_kultura_i_sport_na_Bosna_i_HercegovinaСе претпоставува дека Турбето е од крајот на 15 век или почетокот на 16 век и е гробница на последната босанска принцеза Катерина Томашевиќ, ќерка на босанскиот крал, која живеела во Македонија.

Споменикот денеска го посетија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и нејзиниот гостин, министерот за култура и спорт на Босна и Херцеговина, Салмир Каплан.

- Ова е еден исклучително значаен проект од областа на културното наследство, кој се реализираше во соработка  со Министерството за култура на БиХ и нашата надлежна институција, Конзерваторски центар - Скопје. Се вршеа археолошки истражувања и се што е зачувано и автентично е вградено. Споменикот на културата се наоѓа на фреквентно место и има добро партерно уредување. Се работеше интензивно - истакна Канческа-Милевска.

03_rabotna_sredba_so_min_za_kultura_i_sport_na_Bosna_i_Hercegovina

Министерот Каплан рече дека станува збор за проект за кој разговарале со Канческа-Милевска уште во 2011 година и во изминатите три години тој е реализиран.

- Постои добра соработка меѓу Босна и Херцеговина и Македонија на полето на културата. Двете држави и на останатите полиња имаат солидна соработка. Се заблагодарувам за поддршката и помошта што Македонија ја даде кога беа поплавите во мај во БиХ. Народот на БиХ и властите многу ги почитуваат напорите кои пријателскиот народ на Македонија ги вложи да помогне на загрозениот народ на БиХ - посочи Каплан.

01_rabotna_sredba_so_min_za_kultura_i_sport_na_Bosna_i_Hercegovina

Босанскиот амбасадор Здравко Беговиќ истакна дека многу долго време работеле на проектот и се заблагодари на Владата на Република Македонија и на Министерството, кои не само финансиски, туку и логистички и стручно помогнале проектот да се реализира. Тој посочи дека ќе биде потребно да се завршат и дополнителни работи околу хортикултурното уредување.

Директорката на НУ Конзерваторски центар Скопје, Ема Петрова, рече дека повеле грижа во изминатите три години значајниот споменик на културата да биде реконструиран и да се врати во неговата автентична состојба.

- При реконструкцијата беа употребени сите автентични материјали најдени при археолошките истражувања извршени во текот 2010 година. Сите елементи што беа откриени и урнати за време на земјотресот, сите остатоци кои можеа да се употребат, се употребени при реконструкцијата - додаде Петрова.

Министерката Канческа-Милевска рече дека претходно, на средба во Министерството, со Каплан разговарале за соработката во областа на културата.

Таа посочи дека Република Македонија има добри пријателски врски и соработка со Босна и Херцеговина и оти во изминатиот период се реализирале многу значајни проекти во областа на културата. Во континуитет како Министерство, истакна Канческа-Милевска, на годишно ниво поддржуваме голем број наши институции и уметници кои се претставуваат на значајни манифестации во Босна и Херцеговина.

- На отворањето на Скопско лето беа присутни врвни уметници од БиХ. Театарот за деца и младинци во Бања Лука освои голем број награди во рамките на Фестивалот, како и Театарот Комедија оваа година во Мостар. Во делот на универзитетските библиотеки има добра соработка. Над илјада книги се донирани во библиотеката во БиХ. Поведовме многу иницијативи за соработка - додаде Канческа-Милевска.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia