Разговорот го водеше Тони Цифровски, уредник на Редакцијата за култура и уметност на Македонското радио-Радио Скопје

Успешната мината година со културен предзнак, реализацијата на капиталните проекти, одбележувањето на јубилејот „20 години независност“, меѓународните претставувања на македонската култура, измените во законската регулатива во однос на културата, резултатите од конкурсот за годишната програма,... беа само дел од темите како повод за денешното гостување на министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во празничното издание на емисијата „Радио спектар“ на Македонското радио - Радио Скопје.
