проф. д-р Музафер Бислими
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Државниот секретар во Министерството за култура проф. д-р Музафер Бислими е роден на 16.04.1972 во Арачиново - Скопје каде што завршил основно образование. По завршувањето на средното образование во гимназијата „Зеф Љуш Марку” во Скопје во 1990 година, се запишува на Филозофскиот факултет во Скопје, Катедра по историја, каде што дипломира со висок успех во 1995 година (8.78).
По дипломирањето истата година се запишува на постдипломски студии на истиот факултет - Османски период.
Од 1996 година работи во ИНИ, во Османското одделение.
Во 1999 година успешно ги завршува постдипломските студии одбранувајќи ја магистерската теза: „Битките на Скендер-бег со османлиите, со посебен осврт на Македонија”.
Докторира во 2005 година со докторската теза пријавена во ИНИ со наслов: „Албанците и Младотурската револуција во 1908 година”.
Работи во ИНИ во Одделението за османско-турски период со звање виш научен соработник.
Од 2005 до 2009 ја извршува функцијата градоначалник на општина Арачиново, избран на локалните избори во 2005 година. Од 30.7.2011 е именуван за државен секретар во Министерството за култура.
Активно ги користи: албанскиот, македонскиот, англискиот, францускиот, српскиот, хрватскиот и бугарскиот јазик, а делумно ги говори и турскиот, рускиот, словенечкиот, италијанскиот, шпанскиот, германскиот и други јазици.
Контакт со кабинетот на државниот секретар:
тел:02/ 3240-565, факс:02/ 3240-567
