м-р Елизабета Канческа-Милевска
Датум на раѓање:
30.06.1970 во Велес,
Република Македонија
Образование:
- Во 1989 година го завршува средното образование во гимназијата „Јосип Броз Тито” – Скопје, културолошка насока.
- Во 1993 година дипломира на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, група Социологија.
-Во 2005-та магистрира на постдипломските „Европски студии за интеграција и комуникации” на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, на тема „Општествената заштита на културното наследство во контекст на културната политика на РМ и процесот на интегрирање во ЕУ“ и се здобива со звањето магистер по „Европски студии за интеграција и комуникации“.
Работно искуство:
-Од 1992 до 1998 година работи во приватна фирма, за извоз-увоз, во областа на економско-правните работи и како менаџер.
-Во 1998 година се вработува во Министерството за култура како шеф на Кабинетот на министерот за култура, проф. д-р Димитар Димитров.
-Во 1999 година е именувана за советник на министерот за култура г. Љубен Пауновски.
-Во 2000 година е именувана за државен секретар во Министерството за култура.
-Во периодот на работењето во Министерството за култура, освен организациско-функционалниот ангажман и следењето на сите состојби во културата, активно е вклучена во сите проекти од национален интерес за културата и во реализирањето на голем број капитални зафати во соработка со Светската банка, програмата Фаре итн.
-Активно учествува во донесувањето на Националната програма за култура, во осмислувањето и дефинирањето на Културната политика, во донесувањето на многу законски и подзаконски акти, во интензивната меѓународна соработка и во многу други активности кои позитивно се одразуваат врз континуитетот, квантитетот и врз квалитетот на културниот живот во РМ во тој период.
-Во 2002 година се вработува во Агенцијата за државни службеници како раководител на Одделението за европска интеграција.
-Од страна на Агенцијата за државни службеници се здобива со сертификат за обучување од областа на историскиот развој на ЕУ, институционалната поставеност и правните принципи, при што активно учествува во реализацијата на обуката организирана за државните службеници во РМ.
-Во 2004 година работи во Центарот за комуникации при ВМРО-ДПМНЕ.
-Во 2005 година се вработува на Европскиот универзитет – Скопје како асистент по предметите: Јавна политика, Надворешна политика и Заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
-Активен член е на Извршниот одбор на невладината организација Европско движење на РМ.
-По локалните избори од листата на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за советник во -Советот на општина Кисела Вода, а подоцна е назначена и за заменик-градоначалник на Општината.
-Од 2006 до 2008 година ја врши функцијата државен секретар за култура во Министерството за култура на Република Македонија .
-Од јули 2008 година е министер за култура во Владата на Република Македонија.
- По вонредните парламентарни избори одржани на 5 јуни 2011 година, Елизабета Канческа-Милевска на 28 јули 2011 година повторно е избрана за министер за култура во Владата на Република Македонија.
Контакт со Кабинетот на министерот:
Тел: (02) 3240 555
Факс: (02) 3226 920
