ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗДАВАЧКАТА ДЕЈНОСТ

Издавачката дејност во Република Македонија е дефинирана со Законот за културата, и тоа како издавање публикации со уметничка, научна и образовна содржина во книжен и електронски облик во доволен број примероци што се умножуваат со печатење, пресликување, копирање или на друг начин, доколку и се наменети на јавноста ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ ЗАКОН

Назив на министерството

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

Назив на предлог законот

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗДАВАЧКАТА ДЕЈНОСТ

Краток опис на проблемот

Издавачката дејност во Република Македонија е дефинирана со Законот за културата, и тоа како издавање публикации со уметничка, научна и образовна содржина во книжен и електронски облик во доволен број примероци што се умножуваат со печатење, пресликување, копирање или на друг начин, доколку и се наменети на јавноста.

Според постоечката законска регулатива, издавачка дејност може да врши, односно може да регистрира секој субјект, без исполнување на било какви минимум стандардни услови, стручност, компетентност и соодветна екипираност.

Во Република Македонија, законската регулатива не пропишува јасни и прецизни начини на кои книгата ќе „стигне“ до читателот, односно не е регулирано дистрибуирањето на книгата, а воедно, не постои механизам со кој ќе се контролира тиражот на секоја издадена публикација, поточно не постои контрола на испечатениот и продадениот тираж, ниту пак постојат утврдени параметри поврзани со тиражот.

Имајќи ги предвид состојбите во издавачката дејност во Република Македонија, Министерството за култура во Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/13), како стратешка определба, ја утврди заложбата за подобрување на законската регулатива во областа на издавачката дејност во Република Македонија.

Цел на предлог законот

Целта на Предлог -  Законот за издавачка дејност е пропишување нормативни основи за обезбедување услови за поддршка, поттикнување и развој на издавачката дејност во Република Македонија.

Временската рамка за изготвување на предлог законот

Предлог – законот за издавачка дејност Министерството за култура ќе го достави  до Владата на Република Македонија на втората седница во ноември 2014 година

Начин на вклучување на засегнатите страни

Јавно известување на веб страната на Министерството за култура, ЕНЕР – Единствен национален електронски регистер на прописи на Република Македонија (http://www.ener.gov.mk/), организирање на јавна расправа во текот на месец октомври 2014 година, како и обезбедување мислење по текстот на предлог на законот од страна на  релевантни субјекти во областа на издавачката дејност.

Најава за јавен увид и јавна расправа

Да

Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската верзија на предлогот на  закон и нацрт Извештајот за ПВР 

www.ener.gov.mk

http://www.kultura.gov.mk/

Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се  достават мислењата, забелешките и сугестиите

Министерство за култура

ул.Ѓуро Ѓаковиќ бр. 61, Скопје

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Одговорно лице за контакт во министерството

Фросина Ѓоршовска – советник за следење на нормативни работи

Други информации

Сите коментари и забелешки по текстот на законот можат да се достават најдоцна до 30.10.2014 година

ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ИЗДАВАЧКАTA ДЕЈНОСТ