Конкурс за избор на директор на Националната установа Конзерваторски центар-Скопје

Врз основа на член 30 став 1 и член 34 став 4 од Законот за културата “Сл. весник на Република Македонија” бр.31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011 и 51/2011), Министерството за култура распишува:

Јавен Конкурс за избор на директор на Националната установа

Конзерваторски центар-Скопје

I

            Покрај општите услови утврдени со закон, кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови утврдени со Статутот на установата:

1. Да има соодветно Високо образование;

2. Да има над 3 (три) години работно искуство во струката;

II

Кандидатите за избор на директор на установата треба да достават и своја Програма за работа и за развој на установата, како стратегија за наредниот четиригодишен период (2012-2016), во согласност со Законот за културата, како и следниве документи (оригинал или заверен препис кај нотар):

- пријава со кратка биографија;

- доказ за завршено високо образование;

- доказ за работно искуство во струката;

- потврда дека нема забрана за вршење професија,

  дејност или должност (не постаро од шест месеци);

III

Министерството за култура ги повикува сите заинтересирани лица кои поседуваат менаџерски и стручни квалификации за раководење на Националната установа Конзерваторски центар - Скопје да достават пријави по конкурсот за избор на директор на оваа комплексна установа.

Конкурсот трае 8 дена од денот на објавувањето.

Пријавите со Програмата и другата документација треба да се достават до Министерството за култура преку пошта на адреса: ул.”Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 - Скопје, или во Архивата на Министерството за култура, најдоцна до 16,30 часот последниот ден од конкурсот.

Материјалите доставени на конкурсот не се враќаат.

Пријавите по конкурсот ќе ги разгледува стручна комисија која ќе го изврши изборот врз јасно утврдени критериуми за избор.

Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

За резултатите од конкурсот кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.

                                                                         МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia