КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ МЕСЕЧНИ НАДОМЕСТОЦИ НА САМОСТОЈНИ УМЕТНИЦИ ЗА 2011 ГОДИНА

Врз основа на член 16 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија”  бр. 31/98, 49/03, 82/05 и 24/07),  а во врска со член 6 од Правилникот за утврдување на критериумите, постапката и начинот на обезбедување поволни услови и надоместоци од средства на републичкиот буџет на самостојните уметници („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/2000), Министерството за култура распишува

КОНКУРС

за доделување  месечни надоместоци

на самостојните уметници за 2011 година

1. За стимулирање и помагање на уметничкото творештво на самостојните уметници, Министерството за култура за 2011 година ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија како месечни надоместоци на самостојните уметници за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, како и за персоналниот данок на доход.

2. Надоместоците ќе им се доделат на самостојните уметници што ќе ги исполнат следниве критериуми:

- да се регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија  како самостојни уметници за вршење уметничка дејност во согласност со Законот за културата и со Законот за трговските друштва и

- да ги исполнуваат основните и дополнителните критериуми по одделни видови уметничко творештво утврдени во Правилникот за утврдување на критериумите, постапката и начинот на обезбедување поволни услови и надоместоци од средствата на републичкиот буџет на самостојните уметници („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/2000).

3. Самостојниот уметник со пријавата на конкурсот доставува и:

- извод од регистрацијата во Централниот регистар на Република Македонија;

- кратка биографија во која хронолошки се прикажани обемот и    времетраењето на неговата активност;

- документација за активностите и остварувањата (покани, плакати, критики, признанија, дипломи, ЦД-изданија, каталози, награди и мислења од соодветни асоцијации и комисии);

- самостојните уметници кои во претходната година добиле поволности од Министерството за култура треба да достават и потврди дека им се уплатени придонесите заклучно со 31 јули 2010 година.

4. Конкурсот ќе трае 30 дена од денот на објавувањето.

5. Пријавата и документацијата во врска со конкурсот може да се достават до Министерството за култура по пошта на адреса: ул. „Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 - Скопје или во писарницата на Министерството за култура најдоцна до 16 часот на последниот ден од конкурсот.

6. За резултатите од конкурсот учесниците ќе бидат известени по писмен пат.

7. Со самостојните уметници што добиле поволности по конкурсот, Министерството за култура ќе склучи поединечни договори во коишто ќе се утврдат условите и обврските на самостојниот уметник за користење на паричните надоместоци.

8. За дополнителни информации, самостојните уметници може да се обратат до Министерството за култура кај одговорниот државен службеник за соодветната дејност од областа на културата.

Самостојните уметници може да подигнат примерок од Правилникот за утврдување на критериумите, постапката и начинот на обезбедување поволни услови и надоместоци од средства на републичкиот буџет на самостојните уметници во архивата на Министерството за култура.

Конкурсот ќе биде објавен и на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia