До 20 февруари 2012 година заинтересираните национални институции, здруженија на граѓани и поединци можат да поднесат предлог-проекти до Министерството за култура за реализација на активности од областа на културата во рамки на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2012-2013 година.
Предлог-проектите треба да бидат во согласност со програмските активности содржани во Програмата и буџетот на УНЕСКО за 2012-2013 - 36 Ц/5, усвоена на 36-та седница на Генералната конференција која може да се најде на официјалната веб страна на УНЕСКО – линк:
http://unesdoc.unesco.org/images/0019/001919/191978e.pdf.
Во формуларот на УНЕСКО за оваа Програма кој треба да се пополни, во точката 8 треба да се цитира поглавјето и параграфот од Програмата. Предлог-проектите треба да се достават на англиски или француски јазик во форма на формуларот на УНЕСКО придружени со примерок-апстракт на македонски јазик.
Одбележуваме дека секоја држава членка, преку својата Националната комисија за УНЕСКО, може да поднесе најмногу до 10 барања (од областите на науката, образованието и културата по 3 предлози, и од областа животна средина 1 или најмногу 2 предлози). За национални проекти УНЕСКО финансира до 26.000 $, за интеррегионален или субрегионален проект 35.000 $ и за регионален 46.000 Предлог проектите по области се селектираат од страна на ресорните министерства, а конечниот избор се врши од страна на УНЕСКО. Подетални информации за условите и постапката за избор на предлог проектите може да се најдат во Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2012 - 2013 година - 36 Ц/5, на интернет страна на УНЕСКО (www.unesco.org).
Формуларите за поднесување на предлози за проекти може да се симнат од следнава интернет адреса:
http://portal.unesco.org/en/ev.php-URL_ID=32042&URL_DO=DO_TOPIC&URL_SECTION=201.html
Лица за контакт:
Лидија Топузовска, тел. 3240 517, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
и Татјана Краљевска-Лазарова, тел. 3240 591, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
