Конкурс за Државната награда „11 октомври“ за 2018 година

Согласно со член 4 од Законот за државните награди и Законот за  изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и 54/07), Одборот за доделување на Државната награда „11 Октомври“ го распиша годинашниот конкурс за оваа награда, кој ќе трае од 1 до 31 мај 2018 година...

Со државната награда „11 Октомври" се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Македонија. Државната награда „11 Октомври " се доделува, по правило, секоја година.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата. Државната награда под условите определени во конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство од јавен интерес на Република Македонија.

Конкурсот  трае од 1 до 31 мај 2018.

Државната награда се врачува во Собранието на РМ на 11 октомври – Ден на востанието на македонскиот народ, а за првпат е доделена во 1959 година.

Целосниот текст на конкурсот и начинот на пријавување на кандидатите може да се погледне и сочува на следната врска:

Конкурс за Државната награда 11 октимври за 2018 година

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia