Конкурс за финансирање проект од национален интерес, Манифестација „Град на културата во 2018 година“

Врз основа на член 64 став (1),  член 60 став (3) и член 8 став (1) од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“  бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15,154/15 и 39/16), Министерството за култура распишува  Конкурс за финансирање проект од национален интерес, Манифестација „Град на културата во 2018 година“

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Министерството за култура, со цел да се создадат услови за рамномерен културен развој и да се овозможи достапност на културните вредности за граѓаните, како и да се поттикне заживувањето на културата на локално ниво, во 2018 година ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за реализација на манифестацијата „Град на културата во 2018 годинa“.

 

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО

 

  • На Конкурсот може да учествуваат општините во Република Македонија, со исклучок на градот Скопје и општините кои се дел од градот Скопје.

 

III. ПРИОРИТЕТИ, КРИТЕРИУМИ И МЕРИЛА

  • Приоритетите, критериумите и мерилата врз чија основа ќе се врши оцена на проектите се содржани во пријавата, која е составен дел од Конкурсот.

IV. ПРОЦЕНТ НА УЧЕСТВО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ

  • Процентот на учество на Министерството за култура во финансирањето на проектите е во согласност со средствата предвидени за финансирање проекти од национален интерес во Буџетот на Република Македонија за 2018 година.

V. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавувањето се врши со доставување пополнета пријава која  треба да се преземе од веб–страницата на Министерствотo за култура и да се пополни електронски со впишување податоци на означеното место. Пријавата, која е составен дел од Конкурсот, ќе биде објавена на веб–страницата на Министерствотo за култура (www.kultura.gov.mk).

  • Со пријавата, општините задолжително треба да достават и прецизна програма на манифестацијата со краток осврт на проектите кои се составен дел од програмата.
  • Пријавата и програмата во врска со Конкурсот може да се достават до Министерството за култура по пошта на адреса: ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61 - Скопје или во писарницата на Министерството за култура најдоцна до 16:30 часот на последниот ден од Конкурсот.
  • Нема да се разгледуваат следниве пријави: доставени по истекот на рокот на Kонкурсот, доставени по електронска пошта, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена документација која задолжително се бара.
  • Материјалите доставени на Конкурсот не се враќаат.
  • Конкурсниот рок ќе трае до 15 јануари 2018 година.

 

VI. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ

  • За резултатите од Конкурсот, учесниците ќе бидат известени согласно со закон.

 

VII. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  • За  дополнителни  информации во врска со Конкурсот заинтересираните можат  да   се   обратат  на   телефонските  броеви  02/3289 – 797 и 02/3240 – 628 во Одделението за центри на културата, фолклор и музичко-сценска дејност. 

Целосниот текст на конкурсот И пријавата можат да се симнат и сочуваат на следните врски:

Конкурс за финансирање проект од национален интерес, Манифестација „Град на културата во 2018 година“

Пријава за финансирање проект од национален интерес, Манифестација „Град на културата во 2018 година“

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia