Повик за проекти: Волонтери за Светско наследство за 2018 година на УНЕСКО

Центарот за светско наследство на УНЕСКО  го објавува Повикот за проекти за кампањата за волонтери на светско наследство (WHV) за 2018 година. Повикот е наменет за сите заинтересирани организации и институции. Покрај тоа, истиот нуди нова можност да се аплицира не само за една година, туку и за процесот на двегодишен циклус, со цел да се поттикне и охрабри посветеноста кон светското наследство...

Што претставува иницијативата на Волонтери  за Светско наследство (WHV)?

Иницијативата на WHV беше промовирана во 2008 година за да ги поттикне младите луѓе да преземат конкретни активности и одиграат активна улога во заштитата, чувањето и промовирањето на локалитетите на светското наследство. Иницијативата се состои од акциони кампови, организирани од младински организации или институции во соработка со повеќе засегнати страни и партнери, кои работат заедно на состојбата на заштитата на локалитетите на светското наследство.

Оваа иницијатива мобилизира национални и меѓународни волонтери преку практики и активности за подигање на свеста за зачувување на нашето заедничко културно и природно наследство.

Во рамките на Програмата за образование за светско наследство на УНЕСКО, иницијативата на WHV е предводена од Центарот за светско наследство на УНЕСКО (WHC) во соработка со Координативниот комитет за меѓународна волонтерска служба (CCIVS), волонтерите на европското наследство (како филијала на отворени куќи) и подобар свет.

Придружете се на кампањата!

Центарот за светско наследство ги поттикнува сите младински организации, невладини организации, институции и јавни власти кои сакаат да ги вклучат младите луѓе во зачувувањето на светското наследство преку спроведување на акциони кампови на локалитетите на светското наследство во 2018 година.

Ве молиме погледнете ги документите за критериумите за избор, временската рамка и процесот на двегодишен циклус.

Како да аплицирате?

Со цел да се вклучите или да ја обновите вашата посветеност кон иницијативата за волонтери на светско наследство, ве молиме пополнете ја електронската  апликација.

Доставете ја вашата апликација најдоцна до 14 јануари 2018 година.  

Напомена: Доколку имате потешкотии во пристапот до интернет формуларот, ве молиме симнете го формуларот за апликација и испратете го на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите (за проекти во Африка, Арапски држави и Америка), до Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите (за проекти во Европа) или Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите (за проекти во Азија), со примерок до Центарот за светско наследство ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ).

Целиот оригинален повик на англиски јазик и објаснувањата за критериумите и начините на аплицирање можете да ги пронајдете и сочувате на следниот линк:

Волонтери за светско наследство 2018 - Повик за проекти (англиски јазик)

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia