Годишни конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 година по дејности и области

 
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА
 
Врз основа на член 62 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија” бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12,
23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15 и 39/16) Министерството за култура објавува

 

ГОДИШНИ КОНКУРСИ

 ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ

ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО КУЛТУРАТА

ЗА 2018 ГОДИНА ПО ДЕЈНОСТИ И ОБЛАСТИ

 

 

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Министерството за култура на конкурсите за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 година ќе поддржи проекти кои се во функција на развој, афирмација и промоција на културата во Република Македонија, во следниве дејности и области:

  • визуелни уметности, архитектура и дизајн;
  • фолклор, музичка и музичко-сценска дејност;
  • драмска дејност;
  • литература и издавачка дејност;
  • интердисциплинарни проекти;
  • заштита на недвижното, движното (библиотечна дејност, музејска дејност, заштита на аудиовизуелни добра) и неметаеријалното културно наследство;
  • меѓународна дејност.


III. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСИТЕ

  • Право на учество на Конкурсите имаат правни лицави физички лица, државјани на Република Македонија.
  • Под правни лица се подразбираат установи од областа на културата (локални или приватни), здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и слично, регистрирани во Република Македонија за дејности од областа на културата.
  • Правните и физичките лица, кои имале поддржани проекти од Министерството за култура во претходниот период, треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со Министерството за култура.
  • На Конкурсот НЕ учествуваат национални установи од областа на културата. Националните установи, во согласност со Законот за културата, во јуни во тековната година донесуваат нацрт-годишна програма за работа на установата и ја доставуваат до Министерството за култура.


IV. КАТЕГОРИИ, ПРИОРИТЕТИ, КРИТЕРИУМИ И МЕРИЛА

  • Категориите, приоритетите, критериумите и мерилата врз чија осна ќе се врши оцена на проектите по одделни дејности, односно области се содржани во Пријавите кои се составен дел на конкурсот.

V. ПРОЦЕНТ НА УЧЕСТВО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ

  • Процентот на учество на Министерството за култура во финансирањето на проектите е согласно средствата предвидени за финансирање на проекти од национален интерес во Буџетот на Република Македонија за 2018 година.

 

VI. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

  • Пријавите по дејности и области кои се составен дел од Конкурсите по дејности и области, се објавени на страниците на Министерството за култура на денот на објавување на овие Конкурси.
  • Пријавите задолжително се преземаат од веб-страницата на Министерството за култура www.kultura.gov.mk, и истите се пополнуваат во електронска форма со впишување на податоци на означеното место и потпишуват од овластено лице и се доставуваат во печатена форма во Министерството за култура. За секој проект се пополнува одделна пријава.
  • Пријавите се достават до Министерството за култура по пошта (ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 61, 1000 Скопје), со датум на поштенскиот жиг, или лично во пи­сар­ни­цата на Министерството најдоцна до 16.30 часот во работните денови.
  • Нема да бидат разгледувани следниве пријави: доставени по истекот на рокот на Конкурсот, пополнети на несоодветен образец, доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена документација која задолжително се бара. Материјалите доставени со пријавите на Конкурсите не се враќаат.
  • Конкурсите траат од 30.9.2017 до 15.11.2017 година.

VII. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ

  • Сите учесници на Конкурсите за резултатите ќе бидат известени согласно Законот за културата.
  • Резултатите од Конкурсите ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за култура.
  • Објавените резултати од Конкурсите ќе содржат информации за носителот на проектот, краток опис, период и локација на имплементација, побарана и доделена поддршка од страна на Министерството за култура.

VIII. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за визуелни уметности, архитектура и дизајн може да се добијат во Секторот за дејности од областа на културата, Одделение за визуелни уметности, архитектура и дизајн, на телефонскиот број 02/3240-556, кај одговорното лице Марија Станчевска-Ѓоргова.
  • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за фолклор, музичка и музичко-сценска дејност може да се добијат во Одделението за центри на културата,  фолклор и музичко-сценска дејност на телефонските броеви 02/3289-797 и 02/3240-547, кај одговорните лица Лилјана Мострова, Ирина Марковска и Мандика Нича.
  • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за драмска дејност може да се добијат во Одделението за драмска и филмска дејност на телефонскиот број 02/3240-548, кај одговорното лице Снежана Иванова-Китанова.
  • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за литература и издавачка дејност може да се добијат во Секторот за издавачка дејност (Сектор за книга), на телефонските броеви 02/3240-574 и 02/3240-575, кај одговорните лица Весна Ѓуровска, Даниела Бишкоска и Емина Пројка.
  • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за интердисциплинарни проекти може да се добијат во Секторот за дејности од областа на културата на телефонскиот број 02/3240-548, кај одговорното лице Снежана Иванова-Китанова.
  • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за заштита на културно наследство може да се добијат во Секорот за заштита на културното наследство, и тоа во: Одделението за недвижно културно наследство и заштита на аудиовизуелните добра (02/3207-405 и 02/3207-455) кај одговорното лице Елена Павлова, Одделението за музејска дејност и за заштита на нематеријалното културно наследство (02/3207-417 и 02/3207-428) кај одговорното лице м-р Александар Јорданоски и Одделението за библиотечна дејност (02/3207-415, 02/3207-427 и 02/3207-437) кај одговорното лице Зоја Андоновска.
  • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за меѓународна дејност може да се добијат во Секторот за меѓународна соработка и соработка со УНЕСКО кај одговорните лица и следните телефонски броеви: Лидија Топузовска 02/3240-517, Ирина Кроткова 02/3240-518, Татјана Краљевска–Лазарова 02/3240-591 и Љубица Стефановска  02/3240-533.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 61

1000 Скопје

Република Македонија

Teл: +389 2 3240 533 / 3240 517 / 3240 518 / 3240 591

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.kultura.gov.mk

 

Конкурсни документи и пријави:

Конкурси за проекти од национален интерес во културата за 2018 година

Пријава за драмска дејност за 2018 година

Пријава за фолклор и музичко-сценска дејност за 2018 година

Пријава за интердисциплинарни проекти за 2018 година

Пријава за културно наследство за 2018 година

Пријава за литература и издавачка дејност за 2018 година

Пријава за меѓународна дејност за 2018 година

Пријава за визуелни уметности, архитектура и дизајн за 2018 година

Нацрт на буџет за проектите од национален интерес во културата за 2018 година

 

 

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk