Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” распишува
К О Н К У Р С
за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” во 2011 г.
Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.
Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.
Државната награда, под условите определени во конкурсов, може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.
На награден поединец му се доделуваат диплома и паричен износ.
На секој член на наградената група творци или екипа им се доделуваат диплома и еднаков дел од паричниот износ.
На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделуваат диплома и плакета.
Паричниот износ на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” изнесува пет (5) просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.
Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин”, по правило, се доделува секоја година.
Во една година може да се доделат најмногу до две (2) награди.
Иницијатива за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.
Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба подробно да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење (улица, број, место, град, држава), податоци за остварените резултати во областа во којашто е постигнато остварувањето и други податоци за кои се смета дека ќе придонесат во оценувањето.
Подносителот на иницијативата мора да ги наведе своето целосно име и презиме, називот, фирмата, адресата и телефонот.
Текстот на иницијативата (комплетиран) да се достави во 15 примероци, а трудовите (книги, публикации и сл.) се третираат како прилози и треба да се достават најмалку во два (2) примерока.
Адресата на којашто треба да се достават иницијативите е:
Министерство за култура на Република Македонија - Одбор за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин”, ул. „Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 - Скопје, Република Македонија.
Конкурсот трае од 1.10 до 30.10.2011 година.
Иницијативите и предлозите (трудови, книги, публикации и сл.) доставени по утврдениот рок за прием, како и некомплетните иницијативи нема да бидат разгледани од Одборот.
Одбор за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин”
